32 нанометарското производство на Intel ќе му овозможи изработка на процесори со погoлем број на јадра. Ова ќе му даде голема предност на Intel во поглед на конкурентите, имајќи во предвид дека овие процесори ќе бидат наследници на најмоќните процесори на светот Core i7.
Базирани на апдејтувана Westmere архитектура следната генерација high-end десктоп процесори ќе користат 32 нанометарска технологија,ќе имаат шест јадра, интегриран три канален DDR3 мемориски контролер и 12MB L3 кеш меморија, а ќе бидат познати под кодното име Gulftown . Според плановите на Intel, шест јадрените Gulftown процесори ќе бидат компатибилни со веќе постоечките X58 матични плачи кои се опремени со LGA 1366 сокетот. До доаѓањето на новите Gulftown процесорите ќе помине најмалку една година, а до тогаш топ понуда на Intel ќе се базира на 3.33 GHz Core i7 975 EE или 3.06 GHz Core i7-950.
AMD ги претстави првите АМ3 процесори
Сабота, 21 Февруари 2009 22:44
АМD ги претстави своите први AM3 процесори и со тоа влезе во царството на DDR3 мемориите. Изработени се со 45nm технологија, компатибилни со АM2+ и АМ3 сокетите и имаат поддршка за DDR2 меморија до 1066 MHz и DDR3 меморија до 1333MHz.
За првиот бран од AM3 инвазијата, AMD подготви пет процесори, од кои три четири-јадрени и два три-јадрени процесори со брзини помеѓу 2,5 и 2,8GHz. Четири-јадрениот тим се состои од Phenom II X4 910 и X4 805 на кој се уште ни им позната цената и X4 810 кој ќе се продава за 175 долари. X4 910 има работна фреквенција од 2.6 GHz и 6MB L3 кеш, додека 810 и 805 имаат работна фреквенција од 2.6 GHz и 2.5 GHz соодветно и имаат 4MB L3 кеш. Од тријадрените процесори ќе ги видиме 2.8 GHz Phenom II X3 720 Black Edition и 2.6 GHz X3 710 кои имаат 6MB L3 кеш меморија и чинат 145 односно 125 долари. Сите пет процесори имаат TDP од 95W.
GeForce GTS 240 = оверклокувана 9800 GT
Сабота, 21 Февруари 2009 22:40
На CeBIT кој ќе се оддржи следниот месец, освен преименуваната GeForce 9800 GTX + во GeForce GTS 250, Nvidia ќе го претстави GTS 240 моделот, односно ребрендирана 9800 GT.
Следејќи го трендот на промена на имињата, Nvidia ќе прекрсти уште една графичка картичка која освен различното име ќе добие и повисоки клокови. GeForce GTS 240 доаѓа со повисоки работни тактови од 9800 GT и препорачана цена од 100 долари. Графичкото јадро на GTS 240 има работна фреквенција од 675 MHz за разлика од 9800 GT која има работна фреквенција на јадротото од 600 MHz. Ќе биде опремена со идентичен број стрим процесори како и 9800GT, 112, со работен такт од 1688 MHz и 512MB GDDR3 меморија со работен такт од 2200 MHz. Ова е значително зголемување на фреквенциите во однос на 9800GT чии стрим процесори се клокнати на 1500 MHz, а меморијата на 1800 MHz. GeForce GTS 240 исто така ќе има поддршка за DirectX 10 и SLI, 256 битен бас, дуал DVI, CUDA и PhysX
Sony ја претстави VAIO CR серијата
Сабота, 02 Август 2008 20:48
Sony ја претстави својата нова линија на notebook компјутери кои ќе нишанат кон освојување на мејнстримот на пазарот,VAIO CR серијата.
Новите CRкомпјутери во себе носат Core 2 Duo процесор, Intel X3100графичка карта, 14.1" XBRITE-ECO LCDдисплеј (1280x 800), DVD снимач и 802.11n безжична конекција. Од другите елементи тука се 3-in-1 media reader, ExpressCard слот како и стандардните Firewire и USB 2.0 порти.Исто така овие машини ќе имаат и LED индикатор кој ќе пулсира кога системот се бутира, исклучува или хибернира.
"Исто како и колата што ја возите така и лап-топ компјутерите денес се одраз на вашата персоналност" - вели Mike Abaryподпредседател на маркетиншкиот сектор на Sony за VAIO производите во САД. VAIO CR ќе се произведуваат во неколку бои и ќе бидат додтапни од крајот на овој месец со почетна цена од 1.350 $.
Првата графичка "картичка" со 2gb RAM меморија
Сабота, 02 Август 2008 17:20
PowerColor е добро позната компанија која ужива да се занимава со малку необични графички решенија и компанија која можеби има исфрлено најголем број на AGP графички картички, во времето кога поголемиот број компании речиси дигнаа раце од нив. Она што сега го најавува PowerColor, е графичка картичка со еден куп рам меморија.
Според најавите, PowerColor ќе биде првата компанија која ќе исфрли графичка картичка со 2GB рам меморија. Станува збор за AMD HD 4850 која во моментов претставува графичка картичка од средната класа. Оваа картичка нема да биде опремена со референтниот разладен систем, туку со специјално изведен систем од Zerotherm. Картичката ќе биде наречена PCS HD 4850 2GB и е базирана на веќе добро познатиот RV770 графички чип, кој е опремен со 800 стрим преоцесори. Во комбинација со 2GB GDDR3 меморија, ова картичка ќе биде способна да се справи со сите 3D игри кои се моментално достапни на пазарот. PCS HD 4850 2GB ќе работи на фабрички стандардни фреквенции и ќе има API поддршка како и сите графички картички кои се базирани на последните AMD Radeon процесори.
Името PCS, или "Professional Cooling System " кажува многу работи за себе и корисниците јасно можат да сватат со што ќе си имаат работа. Според компанијата PowerColor PCS серијата ќе се карактеризира со поладна работа на графичкиот процесор и мемориите, со можност за нивно екстремно оверклокување. Се уште нема информации кога ќе биде достапна и која ќе биде нејзината цена .